[ВИДЕО] Александар Динев: Сите сме различни, но треба да направиме место за прифаќање

Точка

25/04/2024

12:39

3.120

Големина на фонт

а а а

Говорот на омраза на интернет е еден од најголемите предизвици денес, а за жал најмногу ги допира младите. Кај нас дури 88,3% од младите се активни на социјалните мрежи, каде се случува најголем дел од сајбербулингот. Дури 35% од младите се почувствувале небезбедни во онлајн светот, што придонесува за изолација, страв, предизвикува насилно однесување и влијае негативно на нивното севкупно ментално здравје.

Сите сме сретнале или сме се соочиле со разни вознемирувачки приказни за жртви на сајбербулингот кои често кружат на социјалните мрежи или пак самите или некој од нашите блиски сме почувствувале на своја кожа што значи тоа. Иако оваа негативна појава е секојдневие малкумина знаат како ефикасно да се справат со такви ситуации.

Македонскиот тиктокер Александар Динев, познат по своето позитивно онлајн влијание и посветеност на социјалните прашања реши да го подигне гласот и да нè мотивирада направиме место за интернет без омраза.

Александар, има искуство со овој проблем и од прва рака може да сведочи за неговиот негативен ефект.

“Се трудам сајбер-булингот да го игнорирам најмногу што можам, но некогаш знае да биде посилно од мене и да ме повреди”, вели Александар во видеото, инспириран од иницијативата на Македонски Телеком „Направи место“, која поттикува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање.

Тој потсетува дека многу е важна поддршката и позитивните коментари и не мотивира да шириме дигитален оптимизам. Дигиталниот свет е подеднакво важен како и реалниот и затоа многу е важно да најдеме разбирање, да направиме место за почитување на разликите, само така ќе успееме да создадеме позитивни вибрации во дигиталниот свет. .

Направи место за позитива, а доколку имаш нешто негативно да кажеш - тоа е најдобро да си го задржиш за себе! – порачува Александар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг