[ФОТО/ВИДЕО] Луѓето се убедени дека му платила на овој човек да глуми нејзин сопруг: Неговото тело е извајано, а таа води борба со килограмите

Точка

10/05/2024

16:49

3.161

Големина на фонт

а а а

Алиша Мекарвел го документира својот живот на социјалните мрежи од 2012 година. Нејзиното тогашно момче, а сега сопруг, Скот Мекарвел, се занимавал со бодибилдинг и пауерлифтинг.

Таа, иако тогаш значително послаба од денес, се борела да го прифати својот изглед.

Иако во тоа време, па и сега, прикажувала хармоничен однос со својот сопруг, се чини дека сите се сомневаат во љубовта која трае повеќе од една деценија и ја карактеризираат како „невозможна“ поради евидентната разлика во килограми.


Додека милиони луѓе наоѓаат инспирација во нејзината самодоверба и самољубието кое растело со текот на времето, други се обиделе да ја малтретираат на интернет. Покрај тоа што ја навредувале лично, тие често ги поврзувале своите навреди со нееднаквоста во изгледот на парот.



За време на гостувањето во извесен поткаст, Мекарвел објаснила со какви коментари мора секојдневно да се носи.

„Мојот сопруг не би требало да ме сака доколку изгледам вака. Морам да изгледам на одреден начин како би го задржала својот маж или би заслужила љубов“, изјавила креаторката на содржина за негативни коментари.

Луѓето оделе толку далеку што самите заклучиле дека тој е со неа поради популарноста на социјалните мрежи, игнорирајќи го фактот дека тие биле заедно и пред „Instagram“ и „TikTok“.


„Прочитав многу коментари за начинот на кој те гледам. Луѓето велат дека тоа е инсценирано, но вистината е дека отсекогаш било така“, напишал Скот Мекарвел во објавата посветена на неговата сопруга од 2022 година, осврнувајќи се на коментарите дека тој е „платен актер кој се појавува во видеата“.

Меѓутоа и покрај лошите коментари, врската на Алиша и Скот Мекарвел е силна, а Алиша е конечно среќна.


И покрај тоа што ја малтретираат на социјалните мрежи, таа не планира да престане да прави содржини за самољубието и помагањето на другите. Исто така, не планира да престане да објавува фотографии со својот сопруг, пишува Essentially Sports“




Спонзорирани линкови

Маркетинг