Запознајте ги најновите фантастични Samsung Neo QLED телевизори кои ќе ве восхитат со своите ВИ функции и совршен дизајн

Точка

10/05/2024

14:01

4.503

Големина на фонт

а а а

Samsung одамна не е само синоним за премиум телефони, туку неговата палета на производи може да го покрие секој простор од вашиот дом со извонредна бела техника. Но, за особен восхит се телевизорите лансирани оваа година, со кои Samsung навистина се надминува дури и себеси, и повеќе од заслужено го носи приматот на лидер на глобалниот пазар за телевизори 18 години по ред.

Новите Neo QLED телевизори со моќна 8K и 4K резолуција

Samsung Neo QLED 8K QN900D е овогодишниот крал на дневната соба, центарот на домот, точка околу која се се случува. Со овој неверојатен телевизор добивате уште подобрена слика и приказ на содржините, феноменален звук, попрефинета рамка и уште подобро целокупно корисничко искуство. Причините за тоа пред се се лоцираат новиот NPU (единица за невронска обработка) чип NQ8 AI Gen3 напојуван од вештачка интелигенција која веќе некое време игра важна улога и кај телевизорите. Новиот NPU е двојно побрз од неговиот претходник, бројот на невронски мрежи е зголемен од 64 на 512, и што можеби е најважно за гледачите – сцените на екранот секогаш се прикажуваат оптимално, т.е. живи бои, одлични контрасти, вистински црни, острина и соодветна осветленост. Всушност најбитните перформанси, како на пример резолуцијата, се обезбедени на овие телевизори токму благодарение на моќта на чипот. Иако најчесто гледаме содржини со помала резолуција, сепак телевизорите можат вештачки да ја подобрат пониската резолуција на повисока, вклучително и 8K. Исто така функцијата 8K AI Upscaling (Pro) работи првенствено благодарение на новиот чип што овозможува дури и содржината со најниска резолуција да се прикажува во ултра висока дефиниција, како што доликува на 8K или 4K телевизор.


Токму овој перформанс на телевизорот е истакнат во рецензијата за Neo QLED 8K QN900D објавена на реномирана платформа Trusted Reviews, каде покрај назнаката Highly Recommended, се вели: „Неговата блескава осветленост, извонредниот LCD контраст, обемната боја и револуционерната обработка на зголемување на резолуцијата докажуваат дека не ви треба 8K содржина за да имате корист од 8K телевизор“.

Невралната единица помага и при сцкање или изобличување на сликата што може да се види кај обичните телевизори за време на динамични сцени, како на пример кога гледате спортски натпревари или играте игри. Ова нема да го забележите со новите Neo QLED телевизори, бидејќи чипот NQ8 AI Gen3 може автоматски да детектира што е најважно во сцената и да ја прилагоди самата длабочина, што нашите очи ја гледаат како пореална и тродимензионална. Вештачката интелигенција исто така учествува во HDR ремастерингот на содржината.


Со моделот Neo QLED 8K QN800D добивате исто така извонреден телевизор напојуван од ВИ, чиј оптимизиран NQ8 AI Gen2 процесор ги оптимизира звукот, сликата обезбедувајќи искуство во 8К резолуција, без разлика дали станува збор за пренесување на ОТТ услуги, гледање спорт или гејмање. Технологијата Quantum Matrix Technology Pro открива незамисливи детали изразени од најтемните црни до најсветлите бели тонови со 1,5 пати повеќе зони на осветлување од нормалнатата Quantum Matrix.

За вистинските љубители на кино искуството во домот наменет е огромниот Neo QLED 4K QN90D со величина од фантастични 98 инчи за да воодушевувањето биде уште поголемо. Специјалната функција SuperSize Picture Enhancer со помош на ВИ дополнително ја подобрува сликата и ја приспособува за супер-големите екрани.


Какво аудио искуство пружаат новите Samsung телевизори?

Звучните перформанси се овозможени од вградените звучници, кои повторно, со помош на вградената вештачка интелигенција одредуваат од каде точно доаѓаат звуците во сцената, при што користејќи ја можноста за поврзување на неколку безжични звучници или звучни ленти можете да создадете симфонија на звуци во вашата дневна соба. Уште една посебна карактеристика наречена Active Voice Amplifier Pro ќе ги нагласува дијалозите што ќе ги слушате гласно и јасно дури и за време на најбучните сцени. Да не го заборавиме и естетскиот момент кај новите Neo QLED 8K – врвен минималистички Infinity Art design со совршена дебелина (длабочина) на рамката од 12,9 мм, кој беспрекорно се вклопува во секој ентериер, и воедно преставува „предмет на убавина“ во вашиот дом.


За дополнителните придобивки од Samsung

Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.


Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.


Не го пропуштајте продолжениот промотивен период за специјална преднарачка

Промотивната понуда за преднарачка е продолжена до 14.05.2024, која доколку ја искористите, ќе добиете значајни придобивки и/или подароци. Одлучите за еден од моделите Neo QLED 8K од 65 инчи или повеќе, Neo QLED или OLED од 55 инчи или повеќе, и добивате 2 подарока: Q-series Soundbar звучници и попуст до 40.000 ден. Доколку пак вашиот избор е Neo QLED од 43 или 55 инчии, тогаш ви следуваат звучниците. Побрзајте, и искористете ја оваа извонредна промотивна понуда, за која повеќе информации можете да прочитајте тука.

Повеќе информации за телевизорите во овој текст прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn900d-75-inch-neo-qled-8k-tizen-os-smart-tv-qe75qn900dtxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800d-65-inch-neo-qled-8k-tizen-os-smart-tv-qe65qn800dtxxh/

https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn90d-98-inch-neo-qled-4k-tizen-os-smart-tv-qe98qn90datxxh/




Спонзорирани линкови

Маркетинг