[ФОТО] Со победата на Евровизија ја освои Европа пред 19 години: Имала скандалозен развод, погледнете како изгледа денес

Точка

10/05/2024

11:42

8.821

Големина на фонт

а а а

Додека публиката синоќа вредно гласала, сцената на Евровизија ја „запалила“ Елена Папаризу која го извела својот вонвременски хит „My Number One“.

Времеплов

Елена Папаризу со својот енергичен настап сите ги потсетила на 2005 година кога со овој хит, гласот и стасот ја маѓепса Европа, а нејзината песна и денес е голем хит.


Сите биле воодушевени кога таа се појавила, а не престанува да се коментира нејзиниот изглед којшто и денес е брутален, како и пред 19 години.

Немало човек којшто не ги знаел зборовите од оваа песна, а Елена годината кога победи беше прогласена и за најубава натпреварувачка.

Оваа жена со смеѓа коса и совршена линија на тело тогаш не можеше да помине незабележано.

Елена по Евровизија и големиот триумф продолжи да се занимава со музика. Снимила над десет албуми, а нејзините песни неретко биле обработувани од страна на поединечни изведувачи од Србија.


Скандалозен развод

Таа била венчана за менаџерот Тони Мавридис со којшто била заедно 12 години. Меѓутоа, таа врска била завршена со развод којшто со месеци бил главна тема во грчките медиуми.

Како што пишувале тогаш, Елена и сопругот дошле до конфликт поради поделба на имотот.

Каде е Елена денес?

Елена во последнава година е член на жирито на грчката верзија на телевизиското шоу „The Voice“, а од 2015 година е во брак со инженерот Андреас Капсалис. Тие се венчале во тајност, а својот љубовен однос го започнале во октомври 2012 година.


Во 2022 година се вратила на Евровизија и настапувала како гостинка во Ротердам, а со својата појава предизвикала општо воодушевување.

Кој настапува во ревијалниот дел?

На Елена на сцена ѝ се придружила и Сертаб Еренер која ја однела победата во 2003 година за Турција со песната „Anyway That I Can“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг