Хари во солзи откако кралот Чарлс му доделил нова почест на Вилијам? „Јасно е дека веќе не е добредојден“

Точка

09/05/2024

18:36

14.721

Големина на фонт

а а а

Принцот Вилијам сега е главен полковник на Военото воздухопловство – полк во кој Хари служел во Авганистан. Извори блиски до кралското семејство велат дека Хари бил „во солзи“, кога британскиот крал Чарлс ја најавил новата титулата за неговиот брат, принцот Вилијам.

Експертот за кралското семејство Том Квин рекол дека војводата од Сасекс се вратил оваа недела во Велика Британија на 10-годишнината од игрите Инвиктус, и дека набрзо откако слетал во Лондон било откриено дека кралот Чарлс бил премногу зафатен за да се состане со својот син, и покрај претпоставките дека тие би можеле да се сретнат.

А потоа, само неколку часа откако било потврдено дека кралот Чарлс нема да се состане со принцот Хари, Бакингемската палата објавила дека кралот на принцот од Велс ќе му додели воена почест која требало да ја добие војводата од Сасекс, пренесува „Mirror“.


Принцот Вилијам сега е главен полковник на Военото воздухопловство – полк во кој Хари служел во Авганистан.

Како што изјавил Квин за „Mirror“, објавата на кралот Чарлс дека на принцот Хари му е одземена улогата на главен полковник на Военото воздухопловство е вистинска „шлаканица во лице“ на синот кој секогаш се чувствувал маргинализиран и тоа токму од братот кој Хари го гледа како причина за многу свои проблеми.


Освен тоа, тоа е јасен показател дека Хари навистина веќе не е добредојден, истакнал Квин.

Тој рекол дека членовите на кралското семејството знаеле дека оваа објава навистина ќе го повреди Хари, кој бил во солзи кога го слушнал тоа.


„Но, одлучија дека Хари треба да сфати дека кога ќе го предадеш семејството, не бегаш само од работите кои си мразел да ги правиш како член на кралското семејство. Исто така ги губиш и работите кои си ги сакал“, нагласил Квин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг