На 18-месечно глуво девојче му е обновен слухот со примена на генска терапија: Лекарите тврдат дека сме на праг на нова ера

Точка

09/05/2024

17:32

5.294

Големина на фонт

а а а

На 18-месечната Опал Сенди ѝ е обновен слухот откако стана првата личност во светот која учествуваше во пионерско тестирање за генска терапија, за која лекарите велат дека означува нова ера во лекувањето на глуви лица.

Сенди е родена со аудитивна невропатија, состојба која ги попречува нервните импулси кои патуваат од внатрешното уво до мозокот и може да биде предизвикана од неисправен ген, објави „Guardian“.

Но, откако примило инфузија која содржела копија од генот за време на револуционерната операција која траела само 16 минути, 18-месечното девојче може да слуша речиси совршено и ужива во тапаните-играчки.


Девојчето од Оксфордшир се лекувало во болницата Аденбрук, која е дел од фондацијата на британскиот национален здравствен систем на универзитетски болници во Кембриџ.

Други деца со оштетен слух од Велика Британија, Шпанија и САД се пријавени за процедурата и ќе бидат подложени на интервенција во следните пет години. Професорот Манохар Банс, ОРЛ хирург и главен истражувач на процедурата вели дека почетните резултати се подобри отколку што се надевал и очекувал и би можеле да ги излекуваат пациентите кои не слушаат поради аудитивна невропатија.

„Имаме резултати (Опал) кои се многу спектакуларни, толку блиску до нормално обновување на слухот. Затоа се надеваме дека тоа би можело да биде потенцијален лек“, истакнал Банс.


Аудитивната невропатија може да биде предизвикана од грешка во генот OTOF, кој создава протеин наречен отоферлин.

Ова им овозможува на клетките во увото да комуницираат со аудитивниот нерв. За да се надмине проблемот, новата терапија од биотехнолошката компанија „Regeneron“ испраќа работна копија од генот во увото. Уште едно дете неодамна било подложено на третман со генска терапија во универзитетските болници во Кембриџ, со позитивни резултати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг