[ВИДЕО] Дали знаете дека во Кина постојат „пазари“ за пронаоѓање брачни партнери? Еве како функционираат

Точка

09/05/2024

14:58

3.516

Големина на фонт

а а а

Светските патници Ивана и Горан Бабиќ на „Instagram“ споделиле необично место кое го сметаат за едно од најчудните кои имале можност да ги видат, а станува збор за „пазар“ во Шангај каде што можете да пронајдете сопруг или сопруга.

Ивана и Горан се креатори на блог и профили на социјалните мрежи под името „Dva ranca beg iz kanca“, а во едно од видеата кои ги споделиле откриле едно од местата каде што биле, а им било особено чудно.


Се работи за People’s Park во Шангај, каде секоја недела се одржува „пазар“ на кој родителите ги претставуваат своите деца пред други родители и потенцијални сопружници.
„Ова дефинитивно е едно од почудните места кои ги посетивме на ова патување. Овде можете да пронајдете сопруг или сопруга Во Шангај, во People’s Park, родителите се собираат и се во улога на стројници“, навеле тие во објавата. Во видеото тие прикажале како изгледа пазарот и размената на информации меѓу присутните. Ова не е единственото место во Кина каде што се организираат ваквите „пазари“ и главно презентираат основни информации за луѓето.




„Во Кина родителите се срамат доколку нивното дете не се ожени или омажи до 30-тата година и тогаш одлучуваат да ги земат работите во свои раце и да им ја пронајдат „сродната душа“. Овде најчесто се организираат состаноци на слепо, без никакви фотографии, само врз основа на опис“, навеле во видеото.




Во коментарите, на некои луѓе оваа практика им била незамислива во 21 век, додека други се пошегувале во стил „среќа што не постои кај нас“, а имало и такви кои сметале дека одредени луѓе од Балканот радо би го посетиле овој пазар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг