Холивудскиот актер Џеф Голдблум не сака финансиски да ги издржува своите деца кога ќе станат доволно возрасни за да работат.
Во поткастот „Table for Two“ со Брус Бози, 71-годишниот актер објасни дека очекува неговите две деца, кои ги има со сопругата Емили Ливингстон, Чарли (8) и Ривер (6) финансиски сами да се издржуваат кога ќе пораснат.
„Еј, знаеш, мора сам да веслаш“, вели Голдблум.
„Нема да го сторам тоа наместо тебе. А ти нема да сакаш да го направам тоа наместо тебе. Мораш да смислиш како да сфатиш што се сака и што е потребно и каде тоа се вкрстува со твојата љубов и страст и она што можеш да го направиш. Дури и ако не се вкрстува, можеби ќе треба да го направиш тоа во секој случај“, додава тој.
Во поткастот Голдблум истакнал дека пораснал работејќи за свои пари. Кога сфатил дека му требаат пари како тинејџер, го прелистал телефонскиот именик и се јавил на места кои имале клавири за да ги праша дали им треба свирач.
„Добив неколку работи. Постоеше дел од мене кој сфати дека тоа е важно“, рекол актерот.
Голдблум не е единствената ѕвезда која не планира финансиски да ги издржува своите деца кога ќе пораснат. Гордон Ремзи, Ештон Качер и Елтон Џон исто така изјавија дека сакаат нивните деца сами да се финансираат.