„Ги лекува сите болести освен смртта“: Маслото од ова растение се користи со векови и е одличен чувар на здравјето

Точка

20/04/2024

09:02

9.266

Големина на фонт

а а а

Дали маслото од црно семе лекува болести и го одржува здравјето на организмот? Еве што се случува во нашето тело доколку секојдневно го користиме маслото од ова растение.

Маслото од црно семе се препорачува за разни болести - астма, поленска треска, надуеност...

„Црното семе ги лекува сите болести освен смртта“, се зборовите на пророкот Мухамед стари повеќе од 1300 години, а многу од она што го знаеме за ова растение нѝ доаѓа токму од Исток.

Во источната кујна, оваа билка е еден од основните зачини. Кај нас може да се пронајде во добро снабдени продавници, но, за жал, не се користи во толкава мера во традиционалната кујна.


Во Турција, Ирак и Египет ова растение е многу застапено во народната медицина, но и во препораките на лекарите. Она што сигурно го знаеме е дека семето од црно семе претежно се состои од здрави, незаситени масни киселини наречени линолеинска киселина.

На нашиот организам му се потребни масни киселини, но не можеме сами да ги произведеме. Ова масло содржи висок процент на цинк, аминокиселини, селен и магнезиум.

Како маслото од црно семе делува на нашиот организам?

Иако маслото од ова растение се задржало повеќе во областа на народната медицина, научниците спровеле некои истражувања и утврдиле одредени карактеристики на овој вид масло:

- Има антибактериско и антигабично дејство

- Ги ублажува болките

- Делува против воспаленијата

- Помага во намалување на крвниот притисок

- Помага во ублажување на грчеви

- Одлично е за дезинфекција


Научниците исто така откриле дека ова масло има одлично влијание и на имунолошкиот систем. Одлично е против кивавица, а се користи и за проблеми со желудникот и цревата.

Луѓето кои имале позитивно искуство со користењето на ова масло советуваат дека најдобро е да се зема по една кафена лажичка наутро. На овој начин, според нивните зборови, ќе се спречи појавата на многу болести и ќе се зајакне организмот. Вкусот на ова масло е специфичен, па ќе биде потребно извесно време да се навикнете на него. Затоа, се препорачува да се консумира малку течност со него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг