65-годишна баба крева тегови и покрај хејтерите! „Ми рекоа дека сум престара, но нам нѝ останува да се развиваме“

Точка

16/04/2024

21:16

3.313

Големина на фонт

а а а

Ја открила љубовта кон кревањето тегови кога поради алармантната состојба почнала да тренира.

Марлен Флаверс е име кое во последно време инспирира луѓе ширум планетата. Таа наизглед е слатка бабичка во 70-тата деценија, а на снимките кои траат по неколку секунди се претвора во вистинска фитнес ѕвезда.

Пред седум години почнала да тренира активно, откако дознала дека има голем проблем со исхраната, која и пречела не нејзиното здравје.

„Кога имав 58 години, морав на операција поради состојбата во која бев поради проблеми во исхраната. После тоа искуство, знаев дека нешто итно морам да променам. Тогаш започнав да тренирам во теретана и станав нејзин најголем фан“, вели таа, пренесува „The Sun“.


Марлен почнала да вежба и да се храни здраво, а потоа, пред три години, открила посебна љубов кон кревањето на тегови.

Бабата сега има импресивни групи од мускули кои ги нарекува „бабино оружје“. Нејзиниот син и е личен тренер, со чија помош сега е редовен учесник на бодибилдинг натпреварите.

Марлен го документирала своето фитнес патување на социјалните мрежи и за многумина станала вистинско инспиративно откритие. Сега, нејзините снимки бројат дури и до 15 милиони прегледи.

„Не морате да имате неверојатно тело за да вежбате или да водите сметка за себе. Целта е да се чувствувате добро, а не да изгледате по денешните стандарди – фантастично. Вежбањето може да биде тешко, но кога ќе го направите тоа, се чувствувате многу подобро. Кога нема да успеете во нешто, станувате и се обидувате повторно. Каде е трудот, тука е шансата за успех“, вели оваа баба.


На една снимка открила дека често добива коментари дека е престара за тренинзи и теретана, а потоа во снимките со тегови покажала дека никогаш не е доцна.

Оваа супер-бабичка продолжува да крева тегови, да снима симпатични видеа со колегите бодибилдери, а со насмевката создава нови фанови на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг