Има ли деца да ги пополнат училишните клупи? За една деценија секоја четврта клупа во средните училишта останала празна

Точка

16/04/2024

19:22

1.233

Големина на фонт

а а а

Се празнат училишните клупи и на основците и на средношколците, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројките што ги објавуваат се само уште едно лице на миграциските трендови на младата популација – на горчливата вистина дека многу млади кои се во репродуктивниот период си заминуваат од земјата, или дека цели семејства со деца на училишна возраст ја напуштаат Македонија.

Секако, за помалиот број деца во училишните клупи „заслуга“ има и наталитетот. Од една страна, младите сѐ подоцна стапуваат во брак и создаваат малудетни семејства, а почнува да се фаќа и „светската мода“ – да се избегнува бракот.

Анализата што ја направи порталот „Пари“ покажува дека за една деценија бројот на деца што одат во основно училиште се намалил за 6 проценти, а бројот на средношколци дури за 24,7 проценти!

Враќањето една деценија наназад покажува дека во основните и во средните училишта заедно, во учебната 2012/2013 година имало вкупно 282.637 деца, или дури 33.714 повеќе од ланската учебна година. Ова значи дека во училишните клупи, во задолжителниот систем на образование, имало 11 проценти помалку деца.

Вкупно ученици во основно и во средно образование


Каде заминаа средношколците?

Поединечно, намалувањето на бројот на децата во основните училишта е за 11.810, или за околу 6 проценти лани во однос на состојбата од пред 10 години. Податоците се особено алармантни за учениците во средните училишта – во учебната 2012/2013 година имало 88.582 ученици, или 21.904 повеќе отколку лани! Ова значи дека за една деценија бројот на децата кои се потенцијалната работна сила од средношколските клупи е намален за 24,7 проценти. Посликовито претставено, минатата училишна година секоја четврта клупа во средните училишта останала празна!

Број на ученици во средните училишта во последната деценија

Статистичките податоци покажуваат дека бројот на средношколците речиси во континуитет се намалува, а најголемото осипување во последната деценија е меѓу учебната 2015/2016 и 2016/2017 година. Тогаш се испразниле 5.143 училишни клупи. Најмалиот одлив е регистриран меѓу 2017/2018 и учебната 2018/2019 година, кога бројот на средношколците се намалил за 836. А, пак, раст на нивниот број е забележан само меѓу учебните 2019/2020 и 2020/2021, годините на Ковид-пандемијата.

Остатокот од текстот прочитајте го ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг