Англиската полиција уапсила четворица Балканци: Го ограбиле фудбалерот на Њукасл

Точка

16/04/2024

20:26

1.727

Големина на фонт

а а а

Четворица хрватски државјани биле уапсени и се осомничени за ограбување на Александер Исак.

Александер Исак, шведскиот напаѓач кој настапува за Њукасл Јунајтед, доживеал вистинска драма! Некој провалил во неговиот дом и му ја украл скапоцената гардероба, накит и пари во вредност од 100.000 фунти, па дури и луксузен автомобил, но имал среќа.


Англиската полиција брзо реагирала и го пронашла неговиот автомобил неколку километри од неговиот дом, а наскоро и провалниците. Таа приказна добива неверојатен заплет. Англиски „BBC“ тврди дека полицијата уапсила четворица Хрвати на возраст од 23 до 42 години кои се осомничени за провалата во домот на познатиот фудбалер.


Англиски „Daily Mail“ дури и ги објавил имињата на уапсените Хрвати, а меѓу нив има една жена и тројца мажи.

„Ова е одличен приказ на квалитетната полициска работа. Операцијата покажува дека нема да толерираме вакви злосторства во нашиот регион. Сакаме да ја заштитиме заедницата и да ги уапсиме оние за кои веруваме дека се одговорни“, порачал полицискиот инспектор Шон Форд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг