Во минатонеделното издание на емисијата посветена на главниот град на Македонија – „Скопје Але-Але“ која се емитува на ТВ Телма, Дарко Гелев - Брејк откри дека стартува со ново радио кое ќе биде од забавен карактер, односно ќе опфаќа народна музика.
Брејк освен што вети дека истото ќе биде број 1 кога станува збор за емитување на радио програма, го откри и името кое ќе го носи ова ново радио - Естрада.
Инаку Естрада ќе биде четврта радио станица на 45-годишниот Брејк – тој веќе е сопственик на 3 радио станици: Сити, Метрополис и Клуб ФМ.