Простачки гест на Дамфрис на прославата на титулата

Фудбалерите на Интер заедно со своите фанови ја прославија 20. титула во Серија А. Хит на прославата беше еден навивач, кој обоил крава во боите на Интер, и ја донесе меѓу навивачите како специјален гостин. Во негативен контекст се „истакна“, фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис. Поради неговото однесување Фудбалскиот сојуз на Италија отвори истрага. На прославата, репрезентативецот на Холандија вееше знаме на кое со ланец како куче го држи играчот на Милан, Тео Ернандез.