„Луѓето на улица нè нарекуваат перверзни, а соседите се шокираат кога ќе нè здогледаат“: Ваквиот живот е незамислив и одвратен за многумина, но овој пар е посреќен од било кога

Точка

04/05/2024

21:22

23.798

Големина на фонт

а а а

Брачен пар кој живее „како што природата налага“ наидува на негативни и бурни реакции од познаниците, минувачите и соседите.

Британскиот брачен пар Фиона и Мајкл веруваат дека натуристичкиот начин на живот значително им помогнал.

Според многумина, овој брачен пар од Велика Британија води прилично необичен начин на живот. Фиона и Мајкл се натуристи. И додека нивните пријатели и семејство го прифатиле тоа, тој факт бројни луѓе не можеле да го разберат, особено нивните соседи.


„Нашите соседи се шокираа кога нè видоа како лежиме потполно голи во дворот. Подоцна почнаа да нè распрашуваат околу тоа, а сега веќе се навикнати. Кога времето е топло, секогаш дома сме голи и спиеме без облека бидејќи нема ништо подобро од тоа“, открила 54-годишната Фиона.

Отпрвин верувале дека натуризмот е „тајно општество“ со одредени сексуални елементи, но сега чувствуваат дека натуристичкиот начин на живот неизмерно им помогнал.


Фиона тврди дека односот кон овој начин на живот е многу повеќе прифатен во останатите земји отколку во Англија.

Своите разголени авантури ги споделуваат на социјалните мрежи и покрај тоа што се соочувале со жестоки критики.

„Имавме некои проблеми кога учествувавме во „голата прошетка“. Многу луѓе почнаа да нè навредуваат и да нè нарекуваат перверзни или да ни говорат дека нешто планираме. Во Обединетото Кралство потполно е легално да се шета гол“, продолжила Фиона.



„Сакаме да го промовираме натуризмот, неговите предности и начинот на кој тој помогна на нашиот однос. Се разбира, не сакаме да ги преобразиме сите луѓе, но би сакале да видиме како тоа станува поприфатено во Велика Британија. Доколку успееме да го демистифицираме нашиот начин на живот, можеме да поттикнеме повеќе луѓе да станат сигурни во нивните тела. Денес, можам да се погледнам во огледало и едвај да ги забележам недостатоците кои ме правеа несигурна во минатото. Тоа е моето тело со кое се гордеам. Бидете среќни во својата кожа и не дозволувајте другите луѓе да влијаат на начинот на кој се гледате себеси. Сите се еднакви кога не носат облека“, заклучила Фиона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг