Сакате природни сокови? Еве кои се најздрави, според диететичарите

Точка

03/05/2024

17:00

6.814

Големина на фонт

а а а

Сокот е освежителен и вкусен во секое време од денот. Сепак, важно е да го изберете оној вистинскиот. Многу сокови се всушност напитоци засладени со шеќер.

Тие најчесто се состојат од вода и додадени шеќери, како што е пченкарен сируп со висок удел на фруктоза. Затоа се препорачува при купувањето да изберете 100% природни сокови кои се богати со хранливи материи.

„Бидејќи таквиот сок е целосно направен од овошје, нема додаден шеќер. Пиењето сок е добар начин да внесете некои хранливи материи ако не можете да го исполните дневниот внес на овошје или зеленчук“, вели диететичарката Натали Ризо за „Today“.


Според Ризо, негативната страна на соковите е тоа што содржат помалку влакна од целото овошје, така што откако ќе испиете чаша сок, нема да се чувствувате толку сити како кога го консумирате целиот плод.

Кој сок е најздрав?

Иако сокот од портокал е најомилен, за најздрави се сметаат сокот од калинка, сокот од цвекло, сокот од вишна и сокот од грејпфрут.

„Соковите од зеленчук и сокот од домати имаат помалку шеќер од другите опции“, истакнува диететичарката.


Ако пиете сок секој ден, Ризо советува да не консумирате повеќе од половина чаша 100% овошен сок дневно. Можете дури и да го разредите со газирана вода за да добиете поголема порција без потреба да додавате повеќе сок.

Ако се обидувате да ослабете, најдобро решение се соковите од зеленчук или сокот од домати со ниска содржина на натриум.

„Овие сокови го намалуваат апетитот“, заклучува Ризо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг