Русите очи во очи со американските сили во Нигер, Остин веднаш се огласи

Точка

03/05/2024

10:32

9.302

Големина на фонт

а а а

Рускиот воен персонал во четвртокот влезе во воздушната база во Нигер во која се американските трупи, од кои воената хунта на Нигер побарала да се повлечат, а министерот за одбрана на САД Лојд Остин изјави дека американските војници не се во опасност и дека руските сили се во посебен комплекс и немаат пристап до американските сили или опрема.

Офицерите на војската кои се на власт во Нигер побарале од САД да повлечат речиси 1.000 војници од земјата, која до минатогодишниот пуч била клучен партнер во борбата на Вашингтон против бунтовниците кои убиле и раселиле милиони луѓе, пренесува „Reuters“.

Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин вчера изјави дека војниците на двете земји се во различни комплекси и дека американските војници не се во опасност.

Остин на прес-конференција во Хонолулу изјави дека секогаш е фокусиран на безбедноста и заштитата на војниците.


„Моментално не гледам поголем проблем тука кога станува збор за заштитата на нашите сили“, навел Остин.

Тој изјавил дека американските сили во Нигер не се во проблем, како и дека руските сили се во посебен комплекс и немаат допир до американските сили и опрема.

Висок службеник на американското Министерството за одбрана, кој сакал да остане анонимен, за „Reuters“ изјавил руските сили не се мешаат со американските трупи, туку дека користат посебен хангар во воздушната база 101, која се наоѓа покрај меѓународниот аеродром во Нијамеј, престолнина на Нигер.Овој потег на руската војска ги носи американските и руските трупи во допир во момент кога военото и дипломатско ривалство на двете земји е сè поостро поради судирите во Украина, а се поставува и прашањето за судбината на американските бази во Нигер по повлекувањето на војниците.


„Ситуацијата не е добра, но краткорочно е изводлива“, рекол службеник на американското Министерство за одбрана.

Покрај претстојното заминување од Нигер, американските трупи неодамна го напуштиле и Чад, додека француските сили ги напуштиле Мали и Буркина Фасо.

Истовремено, Русија настојува да ги зајакне односите со африканските држави, претставувајќи се како пријателска земја без колонијално наследство на тој континент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг