61-годишната Виолета од „Бољи живот“ објави фотографии во бикини: Изгледа посексапилно од дупло помладите девојки...

Точка

25/04/2024

22:24

12.334

Големина на фонт

а а а

Српската актерка Лидија Вукичевиќ се прослави со улогата на заводливата Виолета во серијата „Бољи живот“ која се емитуваше од 1987 до 1991 година, а сега со своите пријатели на Инстаграм редовно споделува фотографии.

61-годишната актерка често објавува фотографии во бикини со кои се фали со својата фигура на тело, а во една прилика ја открила тајната на својот младолик изглед.

„Не може жената да почне да се негува во 40-тите, а потоа да очекува во 60-тите да изгледа добро. Но, доколку од осмо одделение почне да се грижи за себе, прикладно за таа возраст, резултатите ќе бидат видливи кога ќе дојде време“, изјавила актерката.

„Култот на негување го стекнав дома покрај мајка ми, и тоа со текот на времето ми стана рутина. Секоја вечер пред спиење се задржувам во бањата барем половина час. Не сум нарцис, само така сум научена. Тоа е начинот на почитување на сопствената личност“, открила таа.

Инаку, актерката открила дека нема правено естетски зафати, но додала дека нема ништо против истите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг